Претходна статија
Рудникот во Валандово е еколошки безбеден, тврди инвеститорот
Следна статија
Пречистителна станица за отпадни води во Скопје ќе се гради со француска помош

„Југохром“ за осум месеци планира да ја заврши филтер станицата

Објавено на 26.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Фабриката за производство на феролегури „Југохром“ од Јегуновце продолжува со изградбата на филтер станица за отпрашување. Очекувањата на раководниот тим се дека за осум месеци ќе заврши изградбата на овој систем на погонот 2, каде се наоѓаат две печки од комбинатот. Во изминатиов период се работеше на поставувањето на бетонските фундаменти, по што ќе следува изведбата на челичните столбови. Објектот со површина од 600 метри квадратни е предвидено да прочистува 99 отсто од зафатените гасови.

 

 

Менаџментот на фабриката очекува дека Министерството за животна средина и просторно планирање ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи да работат дел од печките додека се изведува изградбата на новиот објект. „Овој период од годината и постојните атмосферски услови дозволуваат Југохром да работи и затоа се надеваме на позитивен одговор од надлежните“ рече директорот на „Југохром“ Васко Скендеровски. Тој дополни дека одобрението за градење на филтер станицата го добиле во јули минатата година, по што започнале со изградба на објектот.

 

Изградбата на филтер станиците за отпрашување беше најавена уште во март 2015 година. Проектот предвидува вкупно три вакви станици, со што би била заокружена постројката за прочистување на издувните гасови. Постројката треба да ја задржи прашината од производството на феросилициум и да го намали производството на чад до ниво на концентрација на ПМ 10 честички од 10 mg/m3.