Претходна статија
ЕЛЕМ планира задолжување за изградба на втората фаза од ветропаркот „Богданци“
Следна статија
Мнозинството граѓани од Гевгелија не сакаат рудник за злато на Кожув

Италијанско-македонски конзорциум ќе го гради Клиничкиот центар во Скопје

Објавено на 24.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за здравство и официјално го избра македонско-италијанскиот конзорциум како најповолен изведувач на идниот Клинички центар во Скопје. Министерот за здравство Никола Тодоров информираше дека изборот на италијански „Инсо системи“ и на македонските фирми „Гранит“ и „Бетон“ е направен по добивањето одобрение од страна на Банката на Советот на Европа. „Почетокот на изведбата се очекува да биде во јуни 2017 година, а изведувачот ќе работи во фази со цел да се овозможи непречено функционирање на Клиничкиот центар во Скопје“ изјави министерот Тодоров.

 

 

Предвидениот нов комплекс на најзначајната здравствена установа во земјава ќе се гради во период од 45 месеци. Објектот ќе има приземје и девет ката и нето површина од 47.000 метри квадратни, околу 6.500 метри квадратни проодни тераси и покривни градини и хелиодром на покривот со површина од 531 метар квадратен. Вкупната вредност на проектот изнесува 72 милиони евра.

 

Од СДСМ реагираа на обраќањето на министерот Тодоров, најавувајќи дека новиот Клинички центар во Скопје ќе го гради новата влада. Тие обвинуваат дека власта на ВМРО-ДПМНЕ го ветува овој објект од 2012 година и дека истиот веќе требаше да биде ставен во функција. „Ќе го преиспитаме работењето на Тодоров, вклучувајќи го и скандалозниот, сомнителен тендер за Клиничкиот центар што го реализира власта во заминување со технички овластувања“ истакнуваат од СДСМ.

 

 

» Форумска дискусија за Клиничкиот центар во Скопје