Претходна статија
Новиот скопски забавен парк налик на „Скопје 2014“
Следна статија
Започнува реконструкцијата на улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром

Концесионерот на ХЕ „Чебрен“ и „Галиште“ ќе се знае на почетокот од 2018 година

Објавено на 22.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) денеска излезе со информација дека 30 компании пројавиле интерес и доставиле 14 технички решенија како предлози за изградба на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“. Германската компанија „Фихнер“ до крајот на јуни годинава треба да одлучи кое од решенијата е најсоодветно за градење. ЕЛЕМ во моментов ја подготвува физибилити студијата со која ќе се утврди кои од пристигнатите технички решенија се соодветни за искористување на хидропотенцијалот на реката Црна. Идниот концесионер што ќе ги гради двете хидроелектрани би бил познат на почетокот од 2018 година.

 

 

Според информациите од ЕЛЕМ, свои предлози до нив доставиле две македонски компании, една швајцарска, еден италијанско-француски конзорциум и компании од Турција, Грција и Русија. Откако ќе се утврди најсоодветното техничко решение, државната енергетска компанија ќе распише тендер за пронаоѓање на инвеститор во двете хидроелектрани. Произведената електрична енергија би се продавала на слободниот пазар по пазарни цени, со што е задоволен и вториот услов за пројавување на интерес од приватниот сектор.