Претходна статија
Неокласицизмот на палатата „Лазар Поп Трајков“ повторно поскапе
Следна статија
Библиотеката на Музејот на современа уметност отворена за читатели

По Охрид, и во Дојран ќе се гради наколна населба

Објавено на 18.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По Музејот на вода изграден во Охрид пред неколку години, и во Дојран ќе се гради наколна населба. Проектот, кој подолго време се најавува од извршната власт, е предвидено да биде лоциран во Стар Дојран, на потегот помеѓу градската и струмичката плажа. Со претстојниот зафат ќе се изградат четири објекти од праисториска епоха и еден објект мандра. За посетителите е планирано да се изгради и паркинг простор пред идната наколна населба. За реализација на проектот веќе се спроведени археолошки истражувања од Заводот и Музеј-Струмица, кој воедно е и раководител на овој проект.

 

* Музејот на вода во Охрид

 

Идната наколна населба во Дојран би се градела со средства од државниот буџет. Објектите би се изградиле врз основа на утврдените наоди од спроведеното истражување на првото наколно живеалиште во Дојранското езеро на локалитетот Мрдаја. Очекувањата се дека реализацијата на овој проект ќе ја збогати туристичката понуда на Дојран.