Сопствениците на привремени објекти долж трасата на улицата Првомајска деновиве започнаа со нивно отстранување, откако Општина Кисела Вода им достави решенија по основ реализација на Детален урбанистички план. Вкупно се отстрануваат четириесетина објекти на неколку локации на потегот од „Стара рампа“ до крстосницата со улицата Народни Херои. Со ова стартуваат подготовките на терен за претстојната реконструкција и проширување на сообраќајницата, за што Градот Скопје реши да се задолжи со 3,1 милион евра. Планирано е Првомајска на овој потег да има четири ленти, без средишно зеленило.
Форумска дискусија за овој проект » овде