Претходна статија
Град Скопје ја реконструира главната сообраќајница во Сарај
Следна статија
УНЕСКО нема да го избрише Охрид од листата на заштитени градови, но врши проверка

„Жикол“ ќе ја доградува инфраструктурата во ТИРЗ Струмица

Објавено на 12.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градежната фирма „Жикол“ ќе ја изведе втората фаза од изградбата на неопходната инфраструктура во Технолошко-индустриски развојната зона во Струмица. Покрај инфраструктурните објекти во рамките на зоната, изведувачот на работите ќе треба да го изгради патното поврзување со регионалниот пат Куклиш – Банско – Ново Коњарево. Во зафатот бидат вложени вкупно 72 милиони денари, а рокот за изведба е пет месеци. ТИРЗ Струмица во овој временски период треба да добие по две влезни и излезни ленти со широчина од по 3,75 метри.

 

 

Изградбата на индустриската зона во Струмица започна да се реализира во септември 2013 година. На површина од 25 хектари, на овој простор во близина на градот е предвидено да се издигнат нови индустриски објекти. Тендерот за изведба на втората фаза од изградбата на инфраструктурата во ТИРЗ Струмица беше распишан во февруари годинава.