Кинеската компанија „Синохидро Корпорација“ досега успеала да пробие 85% од целокупната траса на автопатот Кичево – Охрид. Во изминатиов период биле асфалтирани шест километри од делницата со вкупна должина од 57 километри. Вкупниот прогрес на градежните работи изнесува околу 42 отсто и очекувањата се дека автопатот Кичево – Охрид ќе биде завршен на почетокот од 2018 година. Градежните екипи во моментов работат на пробивање на тунелот кај Пресека во должина од околу два километри. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска објави нови фотографии од градилиштето, со кои се покажува моменталната изграденост на трасата.
Автопатот од Кичево до Охрид се гради веќе три години. Проектот се финансира преку кредитно задолжување од кинеската Ексим банка во висина од 374 милиони евра. Изведувачот на работите треба да изгради 22 мостови – вијадукти, седум армирано – бетонски мостови, шест надпатници и 13 подпатници.