Претходна статија
Гаражата „Смилевски конгрес“ непредвидено зема уште 13,5 милиони денари
Следна статија
СПА-центар ќе се гради во Кочани

Нов мини парк на булеварот „Св. Климент Охридски“

Објавено на 10.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Центар продолжува со изведбата на нови зелени површини во централното градско подрачје. На местото на запуштениот простор на булеварот „Св. Климент Охридски“, спроти бензинската станица на „Макпетрол“, изграден е нов мини парк за жителите од околните згради. Просторот го красат 12 платани и 2 индиски јорговани со крошна во вид на чадор. Покрај новите дрвја, засаден е тревен бусен и поставен е автоматски систем за полевање. Општинските власти посочуваат дека паркот ќе биде колоритен, со грмушки кои ги менуваат боите во текот на четирите сезони.

 

* Извор на фотографија: Општина Центар

 

„Паркот е уреден во модерен, геометриски стил со високи дрвја, со обликувана крошна во вид на квадрат, а под нив се засадени геометриски распоредени зимзелени растенија. Новото зелено катче во општина Центар е со површина од 650 метри квадратни, со засадени 420 садници од девет различни видови. Дел од нив се зимзелени садници и грмушки, листопадни грмушки, а дел се цветни, со прекрасни розеви и бели цветови“ информираат од општина Центар.