Претходна статија
Нова коловозна лента на потпатникот под магистралниот пат Кичево-Гостивар
Следна статија
Реакции за донесениот ДУП во Аеродром, опозицијата предупредува на нови предлози

Ќе се утврдува оправданоста од изградба на нова клучка кај Момин Поток

Објавено на 07.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

На влезот во Скопје од правецот на граничниот премин Блаце, пред „Хубо Маркетот“, би се изградила клучка со што ќе се реши постојниот сообраќаен метеж во овој дел на главниот град. Градот Скопје ја разгледува ваквата опција за во иднина, а во насока на утврдување на нејзината оправданост за реализација, денеска распиша оглас за изработка на физибилити студија и инфраструктурен проект за оваа замисла. Клучката би се градела на крстосницата помеѓу булеварот Никола Карев со булеварот 8-ми Септември и улицата Скупи.

 

 

Градските власти планираат да одвојат околу 1,4 милиони денари за изработка на физибилити студијата и за инфраструктурниот проект за идната клучка. Заинтересираните субјекти за учество на распишаниот оглас треба да ги достават своите понуди најдоцна до 18 април.