Со финансиски средства од фондовите на ЕУ за меѓугранична соработка, општина Могила пушти во употреба производствена линија за пелети за греење што се добиваат од отпадна слама од житните култури. Со пелетите во моментов се загреваат општинската зграда на Могила и едно основно училиште. Пелетите се произведуваат во близина на општината, по што се дистрибуираат до објектите. Со проектот се намалени трошоците за загревање на двата објекта и до 60%. Во исто време, отпадната биомаса од оваа земјоделска општина се искористува за производство на енергија, што позитивно влијание и за развојот на еколошката свест.
* Извор на фотографија: strawpower.eu
Проектот „Зголемен рурален економски развој во пограничниот регион со зајакнување на земјоделството преку користење на отпадна слама за производство на енергија“ се реализира од есента 2015 година, како взаемна соработка помеѓу општина Могила и грчката општина Куфалија.