Претходна статија
ЕЛЕМ ќе изготви проект за санација и рекултивација на рудникот Осломеј
Следна статија
Потпишан договор за изградба на кејската улица „Гоце Делчев“ во Оризари

Повторно неуспешен тендер за довршување на изградбата на кичевската болница

Објавено на 05.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

И по последниот тендер реализиран во изминатиов период, новиот објект на кичевската болница ќе остане недограден. Министерството за здравство ја поништи постапката за избор на изведувач на градежните работи од втората фаза на реализација на проектот. „Понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот“ се наведува во краткото образложение објавено на веб-страницата на Бирото за јавни набавки. Најновата одлука на надлежното министерство нема да биде единствена, ако се земе во предвид дека претходно се поништија и други тендери за овој проект.

 

 

Новиот објект на општата болница во Кичево се гради уште од крајот на 80-те години на дваесеттиот век. Довршувањето на проектот го преживеа распадот на Југославија и промената на општествениот систем, но кичевчани до денешен ден не ги добија ветените нормални здравствени услуги. Крајните рокови за довршување на објектот во континуитет се одложуваа од страна на досегашната власт. И додека се избере нов изведувач на работите, во изминативе месеци целосно се запрени градежните работи. На градилиштето се изведени околу 70% од севкупните работи за изградба на објектот, што е недоволно за негово пуштање во употреба.