Претходна статија
Започна реконструкцијата на регионалниот пат Скопје - Македонски Брод
Следна статија
„БИМ Инвест Инженеринг“ влегува во штипски „Бетон“

Општина Центар утрово урна дивоградба на Пластичарската улица

Објавено на 04.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Дивоградба на Пластичарската улица утринава беше срушена од општина Центар. Со полициска асистенција, градежна фирма избрана на тендер во 3:30 часот утринава го изврши решението за отстранување на бесправно изградениот објект донесено од овластен градежен инспектор. Масивниот градежен објект се градеше помеѓу улиците „Самоилова“ и „Никола Карев“ од страна на непознат инвеститор, кој не се појавил ниту на уривањето на дивоградбата. Кога објектот беше во фаза на ископ, овластен инспектор на општина Центар донесе решение за враќање на локацијата во првобитната состојба. Тогаш решението никој не го примил, а инвеститорот продолжил да гради без градежна дозвола.

 

* Извор на фотографија: Општина Центар

 

„Дека се работи за дивоградба, констатираа заеднички на увид инспекторот на општина Центар, заедно со градежен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Неколку пати на објектот беше оставана покана инвеститорот да дојде во општина Центар, но на ова никој не се одѕва“ информираат општинските власти. Дивото градилиште беше два пати затворано за да се постапи по решението за отстранување на градбата. Градоначалникот на општина Центар пред неколку недели ги потпиша документите за рушење, по што беше доставено и барање до полицијата за асистенција при постапката за извршување.