Претходна статија
Изложба „Една куќа - еден свет“ на Архитектонскиот факултет
Следна статија
Во септември ќе почне реконструкцијата и надградбата на Универзална сала

Годинава ќе заврши реконструкцијата на регионалниот пат Бошков мост – Дебар

Објавено на 28.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за транспорт и врски преку Јавното претпријатие за државни патишта ја продолжува реализацијата на проектот за реконструкција на регионалниот пат Бошков мост – Дебар. Станува збор за делница со должина од осум километри, за чија обнова се инвестирани 2,57 милиони евра преку кредитно задолжување од Светската банка. Градежната оператива во изминатиов период работи на изведбата на проектот и се очекува регионалниот пат Бошков мост – Дебар да биде пуштен во употреба во текот на 2017 година.

 


* Извор: Министерство за транспорт и врски

 

Градежните работи за санација на овој патен правец започнаа кон крајот на 2015 година. Со проектната документација се предвидува изведба на регионален пат со две коловозни ленти, по една за движење во секој правец.