Претходна статија
Општина Центар и годинава ќе дава субвенции за купување велосипеди
Следна статија
Прилеп со нови автобуси и градски линии ќе го развива јавниот превоз

Да се отстранат пристапните бариери за лицата со посебни потреби во сите јавни објекти

Објавено на 27.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Од вкупно 77 јавни институции во Македонија, дури 20 објекти од јавен карактер немаат овозможен пристап до првиот кат на лицата со посебни потреби, додека најголемиот дел од институциите (64 згради) се без можност за пристап со инвалидска количка на вториот кат. Алармантните бројки денеска беа презентирани како резултат од истражувањето спроведено од страна на Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус, во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп (ЗСМХ). Овие организации побараа да се отстранат архитектонските бариери во објектите од јавен карактер, со цел истите да постанат достапни и за лицата со посебни потреби.

 

 

Под архитектонска пристапност, овие организации подразбираат целосен пристапен влез и рампа во зградата, пространа површина во јавните установи за движење со количка, лифт за пристапност до вториот кат, овозможен паркинг простор со соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, овозможени тактилни патеки, звучни семафори за лица со оштетување на видот и соодветно осветлување во јавните установи за лица со оштетен слух.

 

Истражувањето е реализирано во рамките на проектот „Градење на капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија“.