Германската амбасада и Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ денеска на Скопје му подарија еколошки билборд – комбинација од васкуларни растенија и мовови кои креираат симбиоза, заедно функционираат и придонесуваат за прочистување на амбиентниот воздух. На денешната промоција на билбордот „City tree“ присуствуваа германската амбасадорка во Македонија Кристина Алтхаузер и Секретарот на Град Скопје Марјанчо Тодоровски. Еколошкиот билборд е комбинација од васкуларни растенија и мовови кои креираат симбиоза со моќ да апсорбираат штетни честички од воздухот. Билбордот има ефект на филтрирање на воздухот еквивалентен на 275 дрвја годишно.
„City tree“ е одржлива инсталација со систем за наводнување, зафаќање на дождовницата и соларен панел. Ваков билборд во текот на вчерашниот ден беше поставен и во центарот на Тетово. „Ми претставува задоволство што реализацијата на овој проект е резултат на партнерство, на симбиоза, исто како што функционира и билбордот „City tree“ од кој корист ќе имаат граѓаните на Скопје“ изјави амбасадорката Кристина Алтхаузер.