Претходна статија
Градот го преуредува паркот Жена-борец
Следна статија
МЖ реновира 80 товарни вагони од својот возен парк

Проект за реконструкција на кумановските улици вреден 750.000 евра

Објавено на 16.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Куманово во претстојната градежна сезона ќе вложи 750.000 евра за реконструкција на улиците во градот. Градежните работи треба да започнат кон средината на април, за што веќе е распишан тендер за избор на изведувач на градежните работи. Станува збор за поправка, реконструкција, изградба и надградба на 50.000 метри квадратни улици во Куманово. Најголем дел од градежните работи е предвидено да се завршат во текот на пролетта и летото. Со изведувачот на градежните работи ќе биде потпишан едногодишен договор за реализација на планираните активности.

 

 

Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски денеска информираше за реализацијата на овој проект. „Прво ќе бидат опфатени улиците од прв приоритет во централното градско подрачје, кои се најфреквентни, а потоа ќе се шириме кон периферијата и во населбите каде што има потреба“ изјави градоначалникот Дамјановски. Заедно со санацијата на дел од улиците, со претстојниот зафат е предвидено да се закрпат и дупките во асфалтот кои се појавија во текот на изминатата зима.