Претходна статија
Започна изградбата на новиот комерцијално-деловен објект на Мак АутоСтар
Следна статија
Скопски „Бетон“ лани со 3% намалена добивка

„Гранит“ ја зголемил добивката за 6% во текот на 2016 година

Објавено на 15.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Пораст на остварената добивка за 6% од работењето на градежната компанија „Гранит“ од Скопје. Објавените финансиски извештаи за 2016 година покажуваат дека севкупната добивка на фирмата била во висина од 230 милиони денари. Вкупните приходи изнесувале 4.879.400.000 денари и во споредба со 2015 година бележат раст од 15%. Расходите во текот на минатата година биле во износ од 4.640.861.000 денари, што е за 16% повеќе во однос на 2015 година.

 

 

„Гранит“ од Скопје лани исплатил дивиденда во висина од 61.554.000 денари. Најголемата градежна фирма во земјава инвестирала вкупно 362.678.000 денари во основни средства. Од нив, во 2016 година во материјални вложувања биле насочени 354.204.000 денари.