Претходна статија
Нови 17,6 милиони денари за адаптација на арената „Филип Втори“за Супер купот на УЕФА
Следна статија
„Гранит“ ја зголемил добивката за 6% во текот на 2016 година

Започна изградбата на новиот комерцијално-деловен објект на Мак АутоСтар

Објавено на 14.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Мак АутоСтар денеска ја започна изградбата на новиот комерцијално-деловен објект со вкупна површина од 17.000 метри квадратни. Зградата со седум надземни и три подземни нивоа ќе биде лоцирана во скопската населба Керамидница. Проектот именуван како „Премиум деловен центар“ ќе се состои од седум ката со површина од 12.000 метри квадратни и подземен паркинг што ќе се простира на 5.000 метри квадратни. Дел од деловните простории се наменети за сопствени потреби на инвеститорот, додека поголем дел од објектот е предвиден за изнајмување на деловен простор за останати компании.

 

 

„Оваа инвестиција е со планирана вредност од над 10 милиони евра и навистина сме среќни што ќе бидеме во можност да им обезбедиме на фирмите – идни корисници на деловен простор во Премиум центарот модерно опкружување со високи стандарди, соодветен паркинг простор опремен и со полначи за електрични возила и дополнителни содржини како современ фитнес центар и кафетерија-ресторан со уникатен панорамски поглед“ истакна генералниот директор на Мак АутоСтар Зоран Маркоски на денешното поставување на камен-темелникот.

 

Инвеститорот планира да го заврши објектот до крајот на 2017 година. Со изградбата на овој комерцијално-деловен објект ќе се овозможат од 800 до 1.000 нови работни места на територијата на општина Гази Баба. Инвеститорот ја купи локацијата за градење во текот на јуни 2015 година. Објектот ќе се гради на градежна парцела со површина од 5.060 метри квадратни, со вкупна површина за градба од 1.733 метри квадратни. На денешното поставување на камен-темелникот присуствуваа градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски и заменик амбасадорот на Германија во Република Македонија Марко Акватичи.