Претходна статија
Пропадна и вториот обид за изградба на базен во Шуто Оризари
Следна статија
Нови реконструктивни зафати на патниот Коридор 10

Општина Центар ја заврши реконструкцијата на јавните површини кај Зелено пазарче

Објавено на 06.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Заврши проектот за изведба на четири нови детски игралишта на просторот околу Градски ѕид во центарот на Скопје. Општина Центар го постави четвртото детско игралиште кај Зеленото пазарче, заедно со раззеленувањето на околу 8.000 метри квадратни околу станбените блокови на потегот од булевар „11-ти Октомври“ до улица „Македонија“. Санацијата и изведбата на нови детски игралишта се одвиваше паралелно со обновата на уништените зелени површини околу Зеленото пазарче.

 


* Извор на фотографија: Општина Центар

 

„Наместо исушената, засадена е нова трева, засадени се нови 2.300 садници, кои се наводнуваат со автоматски систем, приклучен на хидрантска парковска мрежа. Паркот ја задржува убавината во текот на целата година, бидејќи го красат листопадни и зимзелени садници, зимзелени и листопадни грмушки и зимзелени покривки. На локацијата има и 2 зимзелени магнолии со преубави бели цветови, а во текот на овој месец, за поголема разиграност на просторот, ќе се засадат цветни леи со 3.000 петунии“ информираат од општина Центар.