Министерството за транспорт и врски денеска го објави јавниот повик за доставување на предлози за изработка на урбанистички планови, регулациски планови на Генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни документации. Повикот до локалните самоуправи, општините во градот Скопје и Градот Скопје е отворен до 1 април, при што предлозите до надлежното министерство може да се достават во електронска или во писмена форма. Во согласност со Годишната програма, проектната документација за 2017 година ќе се изработи од Агенцијата за планирање на просторот.
Изработката на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни документации утврдени во Годишната програма ќе се финансираат од државниот буџет, со можност средствата да бидат обезбедени и од општинските буџети и од заинтересирани правни и физички лица.