Претходна статија
Ќе се воведе 3Д-катастар во Македонија
Следна статија
Офицерскиот дом во Велес пред реконструкција

Во вторник се отвораат саемите за градежништво и за недвижности

Објавено на 24.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопски саем во периодот од 28 февруари до 4 март ќе биде домаќин на 14-от по ред Меѓународен саем за градежништво, градежни материјали и градежна механизација и на 7-то издание на „RealExpo“ Меѓународен саем за недвижности. Традиционалната манифестација ќе се одржи во три хали, каде ќе бидат претставени 100 директни и уште 200 индиректни излагачи. Организаторот најавува дека годинава ќе бидат презентирани мерките и придобивките од воведувањето системи и методи за енергетска заштеда од страна на експерти. На саемот ќе се претстават и комерцијалните банки со своите понуди за станбени кредити за граѓаните.

 

 

Во рамките на саемската манифестација, Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и Скопскиот саем на 3 март во Дипломатик салата ќе одржат трибина на тема „Вредноста на македонската архитектура денес“. На настанот ќе се разговара за вреднувањето на професијата архитект во Македонија, цените на проектирање по кои работат архитектите и нивото на квалитет при имплементација на проектите во градба. За активностите поврзани со одржувањето на саемската манифестација на денешната прес-конференција говореа Валентина Димитрова, оперативен директор на Саемот за градежништво и Роберт Хот, претседател на Градежната комора на Македонија.

 

„На Саемот за градежништво ќе се нудат и продаваат производи и услуги за одржување, модернизација, реновирање и опремување објекти и имоти. Во делот на Саемот за недвижности годинава ќе имаме најголема понуда на станови кои компаниите ќе ја изложат пред посетителите“ посочи Валентина Димитрова. Саемската манифестација ќе биде отворена за граѓаните во периодот од 10 до 19 часот, а цената на билетот ќе изнесува 80 денари за индивидуални и 40 денари за колективни посети.