Претходна статија
ДОМ бара донесување на закони за урбанизмот во првите 100 дена од новата влада
Следна статија
ТЕМА: Загадувањето на воздухот резултат на катастрофалните политики во транспортот

Охрид ќе добие затворен пазар во центарот

Објавено на 23.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По две години од потпишувањето на договорот со општина Охрид, струшката градежна фирма „Илинден“ ги започна подготовките за изградба на новиот затворен пазар во центарот на Охрид. Досегашниот отворен пазар се дислоцира на блискиот паркинг, додека постојната локација се подготвува за изведба на градежните работи. Објектот со четири нивоа е предвидено да се простира на површина од 6.779 метри квадратни. Затворениот пазар ќе биде сместен на приземјето, на површина од 1.230 метри квадратни со 190 предвидени тезги.

 

 

Како партнер во јавно-приватното партнерство, компанијата „Илинден“ од Струга ќе се стекне со првиот кат со површина од 2.433 метри квадратни, додека општина Охрид ќе добие деловен простор од 200 метри квадратни на вториот кат. Објектот е предвидено да има подземен гаражен простор за паркирање на 100 возила. Приватниот партнер ќе го реконструира и постојниот објект во соседството, кој е во сопственост на Ј.П. „Градски пазар“. Одлуката за прифаќање на јавно-приватното партнерство беше донесена од охридскиот општински совет во февруари 2015 година. Градежните работи требаше да почнат од поодамна, но тие се активираа дури по две години од донесувањето на одлуката за јавно-приватно партнерство.

 

Инвеститорот треба да вложи над 200 милиони денари, или околу 3,3 милиони евра. Изградбата на нов пазар претставува ветување на локалната самоуправа што се одолговлекуваше неколку години наназад, вклучувајќи го и распишувањето на три тендери за пронаоѓање на приватен инвеститор.