Претходна статија
Се бара инвеститор за базен во Аеродром
Следна статија
ОСВРТ: Ужасна неповрзаност на балканските метрополи

Финишира надградбата на булеварот Србија

Објавено на 20.10.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Моментална состојбаЕвидентно е бавното одвивање на работите на булеварот Србија, но конечно трасата е пробиена по целата должина и се наѕира крајот на овој проект. Во моментов се одвиваат земјените работи на сегментот кај цементарницата „Усје“ кој целосно недостасуваше, а наскоро треба да почне и надградбата на крстосницата со Првомајска. Крстосницата со булеварите 3-та Македонска Бригада и 12-та Македонска Бригада е веќе оформена. Долж претходно завршените делови во тек е пропратното уредување, а тротоарите и велосипедските патеки се поплочуваат со павер елементи. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, најави дека изградбата ќе заврши до крајот на годината. Предвидениот продолжеток на булеварот кон Припор (спојување со улицата Христо Татарчев) не е дел од овој проект и засега останува зацртан само во урбанистичките планови.


Форумска дискусија за овој проект » овде


###

###

###

###

###