Градежниот сектор од земјава во текот на 2016 година остварил значајно намален обем на работа на странските пазари. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.780.107.000 денари, што е за 26,9% помалку во споредба со претходната година. Во наведениот период, македонските градежници во странство извршиле градежни работи во вкупна вредност од 2.395.517.000 денари, што е за 19,4% помалку во споредба со 2015 година.
Домашните градежни компании во 2016 година забележале зголемен обем на извршени градежни работи во Словенија, во Босна и Херцеговина и во Германија, додека нивната активност на другите пазари била намалена.