УНДП, во соработка со општина Куманово и Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе реализираат проект за регулација на коритото на Липковска река кое минува низ овој град. Станува збор за зафат во должина од 1,8 километи, кој ќе го опфати потегот од автопатот до вливот во Кумановска река. Проектната документација во моментов е во завршна фаза на изработка. Планирано е севкупните активности за регулацијата на Липковска река да завршат до крајот на ова лето. Проценетата вредност на зафатот изнесува околу 700.000 долари, од кои 12 милиони денари се обезбедени од општина Куманово и 8,5 милиони денари од надлежното министерство.
* Извор на фотографија: Општина Куманово
Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Луиза Винтон истакна дека со проектот треба да се намали ризикот од поплави во кумановскиот регион. Реализацијата на проектот ќе ја води УНДП.