Претходна статија
Во декември издадени градежни дозволи за изградба на само 419 станови
Следна статија
Поднесени 365 барања за субвенции за нови прозорци

Втора фаза од изградбата на инфраструктурата во ТИРЗ Струмица

Објавено на 10.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони распиша постапка за избор на изведувач за втората фаза од изградбата на потребната инфраструктура и пристапниот пат до Технолошко-индустриски развојната зона во Струмица, со вредност од околу 72 милиони денари. Индустриската зона треба да биде поврзана со регионалниот пат Куклиш – Банско – Ново Коњарево. Планирано е да се изведат по две влезни и излезни ленти од зоната со широчина од по 3,75 метри и да се догради неопходната инфраструктура во рамките на самата зона.

 

 

Изградбата на ТИРЗ Струмица започна со реализација во септември 2013 година, кога беше најавено дека за целокупната инфраструктура во рамките на зоната ќе се вложат 4,9 милиони евра од државниот буџет. Индустриската зона е планирано да се протега на површина од 25 хектари. Во ТИРЗ Струмица во изминатиов период сопствен погон на површина од 13.000 метри квадратни гради американската компанија „Џонсон Контролс“.