Претходна статија
Годинава ќе се реконструира улицата „Втора македонска бригада“ во Чаир
Следна статија
Втора шанса за изградба на ново основно училиште во скопско Лисиче

Втор тендер за изградба на отворен пливачки базен во Шуто Оризари

Објавено на 07.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Откако пропадна првиот обид за пронаоѓање на изведувач, Агенцијата за млади и спорт денеска го објави вториот по ред оглас за изградба на отворен пливачки базен во скопската општина Шуто Оризари. Вредноста на спортскиот објект е проценета на околу 730.000 евра, додека рокот за негова изведба е шест месеци. Тендерот за доставување понуди од заинтересирани компании е отворен до 28 февруари, по што ќе се знае дали е избран најповолен понудувач. Првичниот неуспешен тендер беше објавен во декември 2016 година.

 

 

Идниот пливачки базен во населбата Шуто Оризари ќе се гради на површина од 4.076 метри квадратни. Зданието на отворено ќе се состои од голем и мал базен, скокалница за синхрони спортови и семафор со тајмер за следење на натпреварите.