Претходна статија
Од јули ќе се лета за Доха, во игра е можно да влезат Минхен и Дизелдорф
Следна статија
Годинава ќе се реконструира улицата „Втора македонска бригада“ во Чаир

Конкурс за просторни инсталации за деца низ парковите

Објавено на 06.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Нови едукативни просторни инсталации за деца ќе добијат Градскиот парк, Парк шумата „Водно“ и Паркот „Македонија“ во населбата Тафталиџе. Градот Скопје денеска го публикуваше Конкурсот за избор на три идејно-обликовни и архитектонско-урбанистички решенија кои треба да ја поттикнат детската фантазија и игра. Планираните инсталации ќе бидат изведени во зелените појаси на три локации во Скопје, а еден ваков проект веќе е реализиран во Паркот „Македонија“ кај супермаркетот „Веро“ во населбата Тафталиџе 1. Градските власти ги очекуваат архитектонските трудови до 23 март, при што за најуспешните решенија е предвидена главна награда во нето износ од 150.000 денари.

 

 

„По завршувањето на Конкурсот за избор на идејно решение за просторните инсталации и по доделувањето на наградата предвидена за најдоброто идејно решение за три просторни инсталации, Град Скопје како договорен орган ќе спроведе постапка за доделување на договор за јавна набавка за услуга со цел идејното решение за просторни инсталации да се изработи, постави на локациите“ се наведува во распишаниот Конкурс. Изведувачот ќе има обврска поставените детски реквизити да ги одржува во првата година по извршениот технички прием.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk