Претходна статија
Инженерите од Балканот дебатираа во Скопје за признавање на нивните овластувања
Следна статија
Од јули ќе се лета за Доха, во игра е можно да влезат Минхен и Дизелдорф

Пропадна тендерот за изградба на 150 игралишта за баскет

Објавено на 06.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Со неуспех заврши предизборниот тендер за изградба на 150 игралишта за баскет низ македонските општини. Агенцијата за млади и спорт преку веб-страницата на Бирото за јавни набавки денеска соопшти дека е поништена постапката за избор на најповолен изведувач за проектот. „Не е поднесена ниту една соодветна понуда“ е краткото образложение што е објавено од агенцијата. Тендерот вреден над 250 милиони денари (4 милиони евра) беше објавен кон средината на ноември 2016 година, на само еден месец пред одржувањето на изборите. Агенцијата за млади и спорт тогаш информираше дека парите за спортските терени биле обезбедени од државниот буџет за 2016 година.

 

 

Освен краткото образложение објавено на Интернет, од агенцијата денеска не излегоа со информации дали ќе има нов тендер за реализација на зацртаниот проект. Типизираните кошаркарски игралишта беа ветени од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во текот на минатата година како една од предвидените мерки за младите во земјава. „Вие добро знаете дека внимаваме што ветуваме, и тоа што ќе го ветиме го исполнуваме. Нашата работа е мерлива и видлива“ изјави Никола Груевски на промоцијата на овие мерки на 18 февруари 2016 година.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk