Нова детска градинка е отворена во скопската општина Аеродром. Објектот со површина од 1.700 метри квадратни има капацитет за згрижување на над 250 дечиња од претшколска возраст. Градинката „Штркче“ има шест големи занимални на приземје и кат, простор за прием, кујна, санитарни јазли, административен простор и подрумски простории, а е вклучен во рамки на клонот „Чекорче“. Локалните власти информираат дека новата градинка ги исполнува сите стандарди за ваков тип на објекти. Од општинскиот буџет за реализација на проектот беа вложени 25 милиони денари.
* Извор на фотографија: Општина Аеродром
Градинката „Штркче“ е третиот по ред нов објект со намена за згрижување на деца од претшколска возраст на територијата на општина Аеродром. Градоначалникот Ивица Коневски денеска оствари посета на објектот, заедно со премиерот Емил Димитриев и министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.