Претходна статија
Наскоро ќе биде отворена новата општинска зграда на Ѓорче Петров
Следна статија
Катастарот регистрирал 2.807 непродадени нови станови во периодот јули-септември 2016 година

„Бауер БГ“ ќе го реконструира булеварот „Партизански одреди“ низ Карпош 1 и 2

Објавено на 18.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Булеварот „Партизански одреди“ годинава ќе биде делумно реконструиран. Градот Скопје потпиша договор со фирмата „Бауер БГ“ за реконструкција на оваа сообраќајница, на потегот од раскрсницата со улицата „Франклин Рузвелт“ до раскрсницата со улицата „8-ми Септември“. Од општинскиот буџет за оваа намена се обезбедени 29,2 милиони денари. Договорот за реконструкција на булеварот е склучен на три месеци, а градските власти допрва треба да соопштат кога ќе започне градежниот зафат.

 


* Постојната состојба на коловозот од булеварот „Партизански одреди“

 

Со претстојната изведба ќе се промени дотраениот асфалт на коловозот, кој им предизвикува проблеми на возачите. Реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ низ населбите Карпош 1 и 2 не е направена повеќе децении наназад. Градот Скопје во 2015 година ја изработи проектната документација за санациониот зафат.