Претходна статија
ЕБОР го откажа од финансирањето на хидроелектраната „Бошков мост“
Следна статија
„Бауер БГ“ ќе го реконструира булеварот „Партизански одреди“ низ Карпош 1 и 2

Наскоро ќе биде отворена новата општинска зграда на Ѓорче Петров

Објавено на 17.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Со задоцнување во изведбата на проектот од речиси една година, општинската зграда на Ѓорче Петров ќе биде пуштена во употреба во првата половина од 2017 година. Информацијата денеска ја објави градоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митровски, кој посочи дека со овој објект трајно ќе се реши сместувањето на локалната администрација. На терен во моментов привршува изведбата на стаклената фасада, по што ќе следуваат и ентериерните завршни работи. Седиштето на општината ќе се простира на површина од 3.600 метри квадратни и истото се гради по пат на јавно-приватно партнерство.

 

 

„Покрај идеалните услови за работа ќе се обезбеди и брза услуга на граѓаните со обезбедување на едношалтерски систем“ изјави градоначалникот Сокол Митровски. Објектот го гради фирмата „Трансмет“ од Скопје, која во јуни 2013 година беше избрана за најповолен партнер при реализација на проектот. Со потпишаниот договор се предвидуваше изградба на објект со површина од 15.000 метри квадратни, од кои општината требаше да задржи 3.600 метри квадратни. Најновите информации се дека приватниот инвеститор гради здание со површина од 30.000 метри квадратни, во чии рамки ќе го вклопи и проектот „Емпорио“.

 

Покрај за сместување на локалната администрација, објектот ќе служи и како трговски и деловен центар. Планирано е да се изведе подземен паркинг за 350 возила, од кои 40 места за паркирање ќе им припаднат општинските власти. По реализацијата на проектот, општина Ѓорче Петров планира да го обнови некогашното шеталиште. Корзото лоцирано во постојниот парк во населбата ќе се вклопи во идното партерно уредување на општинската зграда.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект