Претходна статија
ИНТЕРВЈУ: Со „Скопје 2014“ го уништувате сопствениот идентитет и историја
Следна статија
Туристичка Трпејца ќе почека за ветената фекална канализација

Потпишан последниот договор за изградба на пречистителната станица во Кочани

Објавено на 16.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Кочанскиот градоначалник Ратко Димитровски денеска го потпиша последниот договор за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Кочани. Капиталниот проект се реализира во соработка помеѓу македонската и швајцарската влада и истиот веќе непречено се спроведува неполна година наназад. „Првиот дел од проектот се состоеше во изработка на проекти и изградба на колекторот за што тендерската постапка заврши и работите на терен почнаа да се извршуваат пред Нова година. Со денешното потпишување продолжуваат работите околу изработката на техничката документација која што се очекува да заврши до јуни оваа година, а при крајот на 2017 да отпочнат и работите на терен“ изјави Димитровски.

 

Целокупниот проект е во вредност од 23 милиони швајцарски франци, од кои 21 милион се донација на Швајцарската Конфедерација, додека остатокот е обезбеден од македонската влада, општина Кочани и КЈП „Водовод“. Рокот за реализација е крајот на 2018 година. Со проектот ќе се опфатат отпадните води од Кочани и од околниот регион, со вкупен број на население од 58.000 жители. Градежните работи на терен ќе ги изведува германска фирма, која беше избрана од страна на швајцарскиот консултант „СЕКОК“.