Изложбата „Ничија земја“ на архитектите од проектантското студио „Стоун дизајн“ ќе биде отворена утре вечер во Музејот на современа уметност во Скопје. Изработеното дело беше минатогодишен претставник на Македонија на 15-тото Венециско биенале на архитектура. Изложбата ќе биде поставена за посетителите на музејот во периодот до 15 февруари. Самиот проект претставува тунел долг 15 метри, чиј излез не се гледа, а истиот на средина е висок 3,5 метри. Основната идеја на делото е да ја претстави врската помеѓу „јавното“ и „приватното“.
Автори на проектот се Стојан Павлески (архитект и визуелен уметник), Иван Симеонов (архитект, инженер), Ѓорѓи Радовановиќ (архитект) и Љупчо Тасевски (архитект). Куратор на проектот е Стојан Павлески (архитект и визуелен уметник), додека комесар на Македонскиот павилјон на Биеналето во Венеција беше Иванка Апостолова.