Претходна статија
Градежниците предвиделе изградба на 985 станови во ноември 2016 година
Следна статија
Владата го проширува „Скопје 2014“ - ќе се гради и Стара учителска школа

Отворен новиот Дом на културата во Миладиновци

Објавено на 13.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во рамки на проектот за изградба на домови на културата во сите 12 населени места, општина Илинден денеска го пушти во употреба новиот Дом на културата во скопското село Миладиновци. Градбата има површина од 360 метри квадратни. Во објектот има простории за функционирање на локалните здруженија на граѓани, како и за одржување на културни манифестации, предавања, работилници и слични настани. Во новиот Дом на културата „Браќа Миладиновци“ ќе биде сместена локалната месна заедница, Здружението на граѓани и лица со хендикеп „Илинден“ и членовите на Пензионерскиот клуб „Миладиновци“.

 


*Извор на фотографија: Општина Илинден

 

Локалните власти од Илинден планираат да продолжат со изградбата на вакви објекти и во останатите населени места. Општината веќе обезбеди нов објект од 120 метри квадратни во селото Илинден за општинското Здружение на пензионери.