Претходна статија
Пропадна уште еден тендер за реконструкција на охридскиот кеј „Македонија“
Следна статија
Позитивни оценки за развојот на градежништвото на крајот од 2016 година

Низ двата македонски аеродрома во 2016 година минале 1,8 милиони патници

Објавено на 11.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Авиосообраќајот во нашата земја лани забележал пораст од 15% кај бројот на патници. Низ двата македонски аеродрома во 2016 година минале вкупно 1.794.376 патници. Зголемување на корисниците на воздухопловниот превоз има и кај скопскиот „Александар Велики“ и кај охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Аеродромот во Охрид забележал рекорден пораст од 39,2% кај бројката на превезени патници. Од ТАВ Македонија денеска соопштенија дека е забележан и пораст од 8,9% кај бројот на операции, кои достигнаа до 16.883 летови во текот на 2016 година.

 

 

Кога станува збор за најпопуларните дестинации, од ТАВ Македонија информират дека Истанбул со пазарен удел од 12,6% е најфреквентна дестинација од скопскиот аеродром, а по него следат Цирих со 10,2%, Виена со 6,3%, Базел со 5%, Малме со 4,8% и Лондон со 4,3% удел на пазарот. Од аспект на уделот на авиокомпаниите, „Визер“ има превезено најмногу патници и имала пазарен удел од 54,8%. По неа следуваат „Туркиш ерлајнс“ и „Аустриан ерлајнс“. Најфреквентен ден на скопскиот аеродром во 2016 година бил 12 август, кога е регистрирана бројка од 5.641 превезен патник.

 

Од ТАВ Македонија информираат дека карго-превозот од скопскиот аеродром лани имал раст од 10,9%, при со воздухоплови се транспортирани вкупно 3.090 тони авионски пратки.