Скопје доби нов деловен објект од највисока категорија. Се работи за деловниот центар „Хипериум“, кој има површина од 16.000 метри квадратни и во чија изградба „Хипо Алпе Адриа Лизинг“ вложи 17 милиони евра. Локацијата е на аголот на булеварите 8 Септември и Илинден, од страната на електромашинскиот факултет. Проектот е дело на словенечкиот архитект Јани Возељ, а изградбата стартуваше во октомври 2008. Покрај со А класа канцелариски простор, „Хипериум“ меѓудругото располага и со конгресен центар и сопствен подземен паркинг. На вчерашната презентација беше соопштено дека и покрај тековната криза, 80% од просторот е веќе издаден под закуп, по цена од 19 евра за метар квадратен, плус трошоци за одржување.
Форумска дискусија за овој проект » овде