Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ) на 16 декември, со почеток од 12 часот, во амфитеатарот на Градежниот факултет во Скопје, ќе одржи свечено собрание по повод одбележувањето на 40 години од своето постоење. На настанот ќе се даде осврт на четиридеценискиот развој на Друштвото и на неговиот придонес во основањето на македонското конструкторство. На заслужните членови и компании ќе им бидат доделени плакети во знак на благодарност за поддршката во развојот на Друштвото и на градежните конструктори. Свое обраќање на свеченото собрание ќе одржи проф. д-р Мери Цветковска, претседателка на ДГКМ.