Новата година во Струга беше одбележана со пуштањето во употреба на препознатливиот дрвен мост во центарот на градот. Досегашниот струшки градоначалник Зијадин Села деновиве го пушти во употреба новиот мост, кој е донација од бизнисменот Менди Ќура. Донацијата е со вредност од 150.000 евра и речиси сигурно ќе им ги врати спомените на стружани за некогашниот Мост на Нина. Проектната документација за мостот ја изработи фирма од Австрија, од каде беа и увезени дрвените делови од мостот. Самите елементи на мостот се изработуваа повеќе од шест месеци.
Изведбата на новиот дрвен мост во Струга беше завршена за помалку од два месеца. Употребените градежни материјали и скалишниот простор на новото здание го имаат речиси идентичниот лик на некогашниот Мост на Нина. Општина Струга во наредниот период планира да изврши санација и на останатите два моста во централното градско подрачје. Заедно со претстојната реконструкција на шеталиштето на реката Дрим, Струга во многу брзо време ќе го добие својот препознатлив лик на атрактивен туристички центар во земјава.