Претходна статија
„Струмица-гас“ годинава ќе гради нови 6,5 километри гасоводна мрежа
Следна статија
Палатата „Емануел Чучков“ на Бихаќка ќе проголта нови 26,7 милиони денари

Пропадна тендерот за изградба базен во Шуто Оризари

Објавено на 05.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Жителите на скопската општина Шуто Оризари ќе почекаат на ветувањето за изградба на отворен пливачки базен. Агенцијата за млади и спорт го поништи распишаниот тендер од пред еден месец, а како причина за тоа се наведува фактот дека ниту една компанија не доставила понуда за изведба на проектот. По првичниот неуспешен обид, ќе треба да се објави нов тендер за реализација на проектот. Воедно, допрва ќе треба да се комплетира соодветната градежно-техничка документација врз основа на веќе изготвеното идејно решение за базенот.

 

 

Новиот отворен базен во Шуто Оризари беше најавен од досегашната власт во неколку наврати во минатото, а за последен пат пред минатогодишните парламентарни избори. Идејата е да се изгради објект со површина од 4.076 метри квадратни, во чии рамки се планирани голем и мал базен, скокалница за синхрони спортови и семафор со тајмер за следење на натпреварите. Вредноста на проектот е проценета на околу 730.000 евра.