Претходна статија
За година и пол гасот треба да протече од Штип до Неготино
Следна статија
Струмица привлекува нови инвеститори со продажба на пет парцели

Финишира реконструкцијата на регионалниот пат Ново Село – Маврово

Објавено на 31.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежните екипи на фирмата „Гранит“ од Скопје ја привршуваат рехабилитацијата на патниот правец Р1202 од Ново Село до Маврово во должина од околу 12 километри. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска изврши увид во реализацијата на градежните работи на проектот вреден 2,5 милиони евра. „Ова е ветување кон граѓаните од минатата година што ќе го реализираме многу брзо, така што за претстојната зимска сезона сите туристи, но и граѓаните што гравитираат во овој регион ќе користат комплетно нов пат“ изјави министерот.

 

Со реализацијата на овој проект трајно ќе се реши проблемот со обезбедување на адекватна патна врска во мавровскиот регион. За потребите на скијачкиот центар Маврово, минатата година беше реконструирана делницата од шест километри на потегот од Маврово до Маврови Анови.