Претходна статија
Финишира реконструкцијата на регионалниот пат Ново Село - Маврово
Следна статија
Додека не се изгради автопат, државата ќе го реконструира стариот пат Гостивар - Кичево

Струмица привлекува нови инвеститори со продажба на пет парцели

Објавено на 31.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Струмица на денешното електронско јавно наддавање успеа да продаде пет градежни парцели за изградба на индустриски објекти од областа на лесната и незагадувачка индустрија. Површината на парцелите се движи од 1.217 до 3.827 метри квадратни. Градежното земјиште со почетна цена од 61 денари за метар квадратен достигна цена од 1.220 до 1.500 денари за метар квадратен, со што локалните власти обезбедија приходи во во висина од над 14,7 милиони денари (240 илјади евра).

 

 

 

Приватните инвеститори во наредниот период треба да ги уплатат средствата, по што општина Струмица ќе склучи договори за продажба на државното неизградено земјиште. Пред да ги изградат планираните погони, компаниите ќе имаат рок од девет месеци за да прибават одобрение за градење. Периодот за изградба на објектите е 10 години од обезбедувањето на градежна дозвола.