Претходна статија
Ќе се реконструираат лифтови и покриви на згради во Карпош
Следна статија
Општина Штип продаде 43 локации за градба

ФОТО ВЕСТ: И по три години не е готова општинската зграда на Ѓорче Петров

Објавено на 29.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Наместо функционална општинска зграда од 3.600 метри квадратни, на просторот спроти „СП Планет“ во населбата Ѓорче Петров има само карабина [»мапа]. Граѓаните кои треба да завршат секојдневни активности во општината и понатаму ја користат старата општинска зграда, каде и досега беше сместена администрацијата. Иако беше ветено дека ќе биде целосно завршена во текот на ова лето, новиот објект останува незавршен и по повеќе од три години од потпишувањето на договорот за негова изградба.

 

###

###

###

 

 

Според постоечката ситуација на терен, комплетиран е речиси целосно градежниот дел од административната зграда, а допрва ќе треба да се работи надворешната фасада, внатрешните ѕидови и градежно-занаетчиските работи на ентериерот. Локалната самоуправа уште лани го одложи рокот за пуштање во употреба на објектот до првата половина на 2017 година, но актуелната фаза на изграденост на објектот го доведува под знак прашање и новиот рок.

 

Новата административна зграда ја гради фирмата „Трансмет“, која склучи договор за јавно-приватно партнерство со локалните власти во јуни 2013 година. Заедно со општинското здание, приватниот инвеститор го гради и објектот „Емпорио“ со простории наменети за трговски центар, деловен простор и подземен паркинг за 350 возила. На официјалната веб-страница на „Емпорио“ и понатаму стои дека пуштањето во употреба на проектот ќе се одржи во 2016 година, иако активностите на терен покажуваат дека и самиот бизнис центар во моментов е изграден на ниво на карабина.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk