Македонските градежни компании имале помал обем на работа на странските пазари во првото полугодие од годинава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-јуни 2016 година, вкупната вредност на договорени градежни работи во странство изнесува 2.583.557.000 денари, што е за 21,7% помалку во споредба со истиот период лани. Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вредност од 961.396.000 денари, што е за 11% помалку во споредба со првото полугодие од минатата година.
Во периодот јануари-јуни 2016 година е забележан зголемен обем на извршени градежни работи во Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Германија, додека на останатите пазари е регистриран намален обем на работа на македонските компании од градежниот сектор.