Претходна статија
Ќе се подготват проекти за неколку патишта во источна Македонија
Следна статија
Градот Скопје ќе ја поправа инфраструктурата во поплавените подрачја

Отворени 21 приватни пензионерски домови со помош од државата

Објавено на 24.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Низ целата земја досега се отворени 21 приватен дом за стари лица со капацитет од 650 легла со финансиска помош од државата. Во скопската населба Припор денеска беше отворена една од овие приватни институции, која ќе згрижи 35 стари лица. Станува збор за пензионерскиот дом „Лабос“, кој е втора по ред инвестиција на компанијата. Во проектот се вложени 400.000 евра, а во објектот работат 20 лица.

 

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов информираше дека шест нови старечки домови во приватна сопственост ќе бидат отворени во наредниот период. Со отворањето на овие објекти ќе се отворат нови работни места и ќе се намалат трошоците за сместување на постари лица.

 

Со воведените мерки од македонската влада се овозможија поевтини цени за изградено земјиште за пензионерски домови, намалени комуналии, користење на поволни мерки за вработување и грант за отворање на пензионерски домови во висина од 12.500 евра.