Македонските граѓани помалку го користеле автобусот како превозно средство во второто тримесечје од 2016 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 4,1%, во приградскиот превоз за 1,3%, во меѓуградскиот превоз за 2,4%, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесувале 8,8% во однос на периодот април-јуни 2015 година. Во второто тримесечје од 2016 е забележано и намалување на патничките километри кај автобускиот превоз, кое е најизразено во меѓународниот и приградскиот транспорт.
Споредено со првите три месеци од 2016 година, автобускиот превоз забележува стабилизирање во делот на бројката на патници во второто тримесечје. Во градскиот превоз имало повеќе патници за 5,1%, во приградскиот превоз за 12,5%, во меѓуградскиот превоз за 7,5%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето изнесувало 17,2%.