Огромен раст на вкупната добивка и на остварените приходи на компанијата „Бетон“ од Штип во првите шест месеци од 2016 година. Според објавениот неконсолидиран и неревидиран извештај, оваа градежна фирма остварила вкупна добивка од 29.490.000 денари, односно за 1.429% повеќе во споредба со периодот јануари-јуни 2016 година. Оперативните приходи пораснале за 27% и истите се заокружени на 353.666.000 денари, додека оперативните расходи изнесувале 330.177.000 денари.
* Од изградбата на новите „барокни“ факултети на УКИМ
Главна причина за зголемениот профит е значајниот раст на приходите од продажба. Во делот на расходите, штипски „Бетон“ во периодот јануари-јуни 2016 година има зголемување кај набавната вредност на трговски стоки, трошоците за суровини и други материјали, како и услугите со карактер на материјални трошоци.