Претходна статија
Започна реконструкцијата на Занатскиот дом во Куманово
Следна статија
„Лимак“ нема да ја чепка Старата железничка станица во Скопје

„Водстрој 98“ најавува довршување на пругата Битола – Кременица

Објавено на 17.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Бугарската компанија „Водстрој 98“ најавува дека ќе ја продолжи изведбата на пругата од Битола кон границата со Грција со должина од 17 километри. „Водстрој е водечки партнер во конзорциумот што го извршува проектот при чијашто реализација имавме потешкотии во работењето поради објективни фактори, главно поврзани со климатските услови кои го спречија и забавија извршувањето на градежните работи. Имаше и одложување поради нерешените финансиски односи меѓу еден од учесниците во конзорциумот и неговите изведувачи. До денес „Водстрој 98“, како водечки партнер во конзорциумот, ја презема целосно обврската да ги исполни сите видови работи потребни за завршување на проектот во најкус можен рок“ соопштуваат од оваа компанија.

 

 

 

 

Наспроти пораката за смирување на состојбата од изведувачот, битолската телевизија „Орбис“ вчера јави дека неделава е можно да има штрајк на подизведувачите на пругата, кои со поставување на градежна механизација ќе ја блокираат изградбата на пругата Битола-Кременица. Минатата недела, фирмите од Битола си ги побараа неисплатените средства од „Понстрој инженеринг“, која е една од фирмите-членки на конзорциумот што ги изведува градежните работи.

 

Додека траат натегањата помеѓу изведувачот и подизведувачите на работите, проектот за изградба на пругата доцни. Наместо да биде целосно завршен до 30 јули годинава, градежните работи се одложени на неодредено време. Оваа железничка линија е важен сегмент од паневропскиот Коридор 10д, за кој владата ветува дека ќе биде пуштен во употреба уште од 2009 година.

 

 

» Форумска дискусија за пругата Битола – Кременица