Претходна статија
Ќе се надградува и реконструира училиштето „Гоце Делчев“ во Скопје
Следна статија
Жителите повторно го одбранија паркот во Тафталиџе 1

Пехчево ќе работи на нов Генерален урбанистички план

Објавено на 11.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната самоуправа од Пехчево распиша оглас за изработка на нов Генерален урбанистички план за овој град од источна Македонија. На урбанистичката документација е предвидено да се работи во период од 12 месеци, за што од локалниот буџет е проценето дека ќе се  потрошат околу 25 илјади евра. Понуди до Општината можат да се доставуваат најдоцна до 31 август, за кога е закажано и нивното јавно отворање. Изготвувањето на Генералниот урбанистички план треба да придонесе за натамошен развој на градот во претстојните децении, вклучувајќи ја и изградбата на новата градска населба. Во Пехчево во моментов живеат околу 3.200 жители.