Претходна статија
Ниту на вториот тендер нема интерес за изградба на голф терени во Зелениково
Следна статија
Започна реконструкцијата на градскиот парк во Куманово

Поставен споменикот на Неџат Аголи на плоштад „Македонија“

Објавено на 10.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Скопје 2014 под лупаИако беше најавен пред два и пол месеци, споменикот на Неџат Аголи беше поставен вчера на скопскиот плоштад „Македонија“. Споменикот беше изработен и донесен од леарница во Фиренца и истиот е составен дел од проектот „Скопје 2014“. Обележјето на поранешниот министер за здравство во првата македонска влада од 1945 година е лоциран пред зградата на „Телеком“, помеѓу плоштадот и Кејот „13 Ноември“. Во мај годинава, во центарот на Скопје беа поставени спомениците на Јосип Багери и Пјетер Богдани. Овој споменик, заедно со обележјето на Мајка Тереза од спротивната страна на плоштадот, треба да бидат последни од низата од вкупно 37 споменици распослани низ централното градско подрачје. Според базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“, само за споменици од проектот „Скопје 2014“ досега биле потрошени фантастични 33.620.457 евра.